Балкански карактеристики на македонскиот јазик
DOI:
https://doi.org/10.46584/lm.v20i2.581Keywords:
Македонски јазик, балканска јазична заедница, јазици во контакт, дијалектиAbstract
Македонскиот е јазик е јужнословенски јазик со наследена структура и лексикон кој долг период се наоѓа на територија во која функционираат други несловенски јазици. За време на повеќевековниот контакт меѓу балканските јазици, македонскиот јазик ја менувал својата наследена словенска структура со цел да овозможи полесна комуникација меѓу говорителите. Токму таа потреба за појасна и поеднозначна комуникација била главниот двигател на структурните промени во македонскиот јазик, како што се: постпозитивниот член, двојно определување на објектот, делумно или целосно отфрлање на постпозитивните падежни показатели, доближување на функционалните полиња на (просторните) предлошките системи, реструктуирање на глаголските категории, воспоставување на слични модели во рамките на модалноста, доближување на моделите за изразување идност, дистрибуција на перифрастичните конструкции со esse и habere, како и многу други...
Сите овие промени и поместувања во наследената структура го вбројуваат македонскиот јазик како 'најбалканизиран' од сите словенски јазици.